Услови за користење
1. ПРИФАЌАЊЕ НА ПРАВИЛАТА И УСЛОВИТЕ
1.1 Со самиот пристап на интернет страницата на Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
1.2 Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
1.3 Корисниците можат да ги прифатат правилата и условите, со означување на поле за избирање, кога купуваат Кембриџ маска на прикажената веб-страница, како што е предвидено во член 4.1 или при креирање на својата сметка на придружната веб-страница.
1.4 Прифаќањето на правилата и условите може да биде само целосно. Секое половично прифаќање се смета за неважечко. Секој корисник кој не прифаќа да биде обврзан со правилата и условите не смее да ја користи Кембриџ маската.
2. ПЛАЌАЊЕ
2.1 Цена на картите
Продажната цена на картите е прикажана на веб-страницата, во локална валута и со вклучено ДДВ.
2.2 Промотивни понуди
Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје го задржува правото да предложи промотивни понуди или намалувања на цените, во своја дискреција и според условите што смета дека се соодветни.
2.3 Начин на плаќање
Плаќањето може да се изврши само преку кредитна картичка преку безбедна услуга за онлајн плаќање, наведена на веб-страницата. Корисникот гарантира дека ги има сите потребни овластувања за користење на избраниот начин на плаќање.
Соодветната фактура ќе се испрати до корисниците во моментот на испорака.
3. ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со Законот за заштита на личните податоци (“ Службен весник на Република Македонија” бр.7/05 и 103/08).
3.1 Прибирање и обработка на лични податоци
Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пример, вашето име, вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје не прибира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пример, да купите влезница, да се пријавувате за е-весникот или да се пријавувате за добивање вести и известувања преку СМС.
3.2 Користење и чување на личните податоци
Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за техничките потреби на е-продавницата, за да ви овозможи пристап до специфични информации, или за општа комуникација со вас. Вашите лични податоци ќе бидат искористени за точна и навремена испорака на влезниците, за анализа и подобрување на нашиот веб сајт, како и за подобрување на понудата на влезници и други ваши барање во иднина. Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје нема да ги продаде ниту открие вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот!!!. Вработените во Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.
3.3 Слобода на Избор
Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци на Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје, ве молиме имајте предвид дека можеби нема да ви бидат достапни некои делови од е-продавницата, како ни можноста за купување на влезниците. Корисниците кои ќе одлучат да се одјават од нашиот е-весник тоа можат да го направат преку својот личен профил на е-продавницата. На веб сајтот се прибираат и автоматски податоци (не-лични податоци). Како на пример кога ќе се вклучите на е-продавницата на Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страницата) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата е-продавница и за подобрување на содржината и функционалноста. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се откриваат на трета страна.
3.4 Безбедност
Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје се обврзува да ја заштити безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.
3.5 Малолетници
Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје им препорачува на сите родители и старатели да ги учат своите деца како безбедно и одговорно да ракуваат со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да му даваат лични податоци на Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје без дозвола од своите родители или старатели. Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на било каков начин, ниту пак да ги проследи на трета страна без дозвола од родител или старател.
3.6 Врски со други интернет страници
Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на официјалните страници хостирани од Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје. Интернет страниците под оваа страница може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од е-продавницата на Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје и оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува на нив. Кога ќе ја напуштите е-продавницата на Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје, ве молиме водете сметка и прочитајте ги изјавите за заштита на личните податоци на секоја интернет страница.
3.7 Право на информации
Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, ве молиме контактирајте не hello@gigatt.co На ваше барање, ќе бидете во најскоро можно време информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на е-продавницата на Гигатт Медиа ДООЕЛ Скопје.
3.8 Објавување на промени
Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во оваа изјава за заштита на личните податоци, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни